
Младинскиот репрезентативец на Македонија, Бехар Фета, потпиша тригодишен договор со словенечкиот прволигаш Марибор.
Кариерниот скок кој го прави Фета не е мал, имајќи предвид дека преминува од клубот кој лани ја освои македонската Втора лига, Воска спорт, во тимот кој беше третопласиран во Словенија и до пред некој ден играше квалификации во Конференциската лига на УЕФА (отпадна од Фенербахче).
Тој има 20 години, настапува на позиција лево крило и ги помина сите младински репрезентации на Македонија, до 21 година, за која има шест настапи. Фета дојде во Воска од Шкендија, во февруари 2021 година.