Директорот на ЕСМ, Васко Стефанов вели дека во тек се ремонтни активности и очекуваат да завршат кон крајот на септември или почеток на октомври, со што сите производни капацитети на ЕСМ ќе бидат ставени во функција и додава дека се целосно подготвени за новата грејна сезона
Стефанов изјави дека почетокот или средината на септември да се знае цената на парното греење.
Тој се надева и дека ќе продолжи поддршката од Владата со цел, како што напомена, ЕСМ да работи продуктивно, во интерес на граѓаните, за цената да не се зголемува и да нема рестрикции.
-Очекуваме РКЕ согласно роковите да си ја заврши работата, односно да ги проектира цените. Нашите односи со БЕГ се коректни. Во овој момент мислам дека се одвиваат тие должничко-доверителски односи и се надевам дека на крај ќе заврши се како што треба. Очекувам некаде почетокот или средината на септември дека ќе ја имаме веќе цената на парното греење, истакна директорот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР.