
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе ја промовира кампањата „Ние сме Европа“, преку која што на граѓаните ќе им се претставуваат придобивките и неопходните реформи за членството во Европската Унија.
Караванот ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – енергетика.
Првиот настан е во Скопје на 30 август и ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски, информираше вицепремиерот Маричиќ.
Активностите, како што дополни, ќе вклучуваат посета, средби со целни групи кои се заинтересирани да прашаат нешто конкретно за темата и генерално за процесот на пристапување.
Маричиќ рече дека кампањата чини 80 илјади евра, односно 5 милиони денари, а ќе заврши на крајот на септември.
Граѓаните се сеќаваат на кампањите кои ги правеше власта пред Договорот од Преспа. Тогаш имавме Гласајте за 500 евра просечна плата“ како и За бесплатни здравствени услуги“.