ЕК ја одобри поддршката за чешките компании погодени од војната во Украина

Европската комисија го одобри планот за помош на Чешка во износ од околу 800 милиони евра наменети за поддршка на чешките компании што се сочуваат со зголемени трошоци за енергија поради војната во Украина.

Како што јави МИА, планот е одобрен согласно Привремената рамка за државна помош во услови на криза и транзиција, усвоена од страна на Еврокомисијата на 9 март годинава со цел да се поддржат секторите кои се клучни за забрзување на зелената транзиција и намалување на зависноста од енергенси.

Помошта ќе биде намената за големите компании од сите сектори и ќе биде во форма на директни грантови за покривање на дополнителните трошоци поради зголемувањата на цените на природниот гас и електричната енергија во текот на оваа година.

Компаниите ќе имаат право на помош штом пазарните цени за енергенсите ќе ги надминат максималните утврдени цени од 210 евра за природниот гас и 105 евра за мегават час електрична енергија. Помошта ќе се дистирбуира до добавувачите на енергија како компензација со цел да ги продаваат енергенсите по максималните утврдени цени.

Европската комисија информира дека го одобрила чешкиот план, откако утврдила дека тој е неопходен, соодветен и пропорционален за спречување на сериозно нарушување на економијата на една земја членка согласно член 107 од Договорот за ЕУ и со условите утврдени во Привремената рамка за помош при кризи и транзиција.