Рускиот претседател Владимир Путин порача во средата на самитот на групата земји БРИКС и претставниците на земјите набљудувачи дека Русија сака да стави крај на војната во Украина повторувајќи го своето тврдење дека ја предизвикале со своето однесување земјите од ткн колективен Запад предводен од САД и нивните сателити.
Во видео обраќањето пред челниците на земјите од БРИКС кои и покрај притисоците на САД и Западот не ја осудија руската инвазија во Украина и не се придружија на западните санкции, Путин повтори дека Русија била принудена на оваа војна поради оденсувањето на Западот и режимот во Киев. Алудира на договорот од декември 2021 година со кој Москва бараше безбедносни гаранции за неширање кон нејзините граници и повлекување на базите со странски војски од земјите поранешни членки на Варшавскиот пакт до 1997 година, непримањето на Украина и Грузија во НАТО што го одбија Вашингтон и Брисел, како и најавата на Киев дека сака Украина да стане членка на НАТО и нуклеарна сила, како и заштита од геноцид и етничко чистење на руското населени во југоисточните украински региони отцепени по превратот во Киев во 2014 година, пред планираната уркаинска офанзива на украинската војска наводно планирана за март 2022 година.
„Само едно нешто ги диктира нашите дејства во Украина, а тоа е да ставиме крај на војната којашто ја предизвикаа Западот и неговите сателити против луѓето кои живеат во Донбас… Сакам да истакнам дека желбата за зачувување на нивната хегемонија во светот, желбата на некои земји да ја сочуват таа хегемонија, доведе до тешки кризи во Украина“, рече Путин.
Рускиот челник истакна дека петте земји – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, со право се етаблираа на глобалната сцена како авторитетна структура. Позицијата на организацијата постојано се зајанува, а нејзиниот курс ги исполнува аспирациите на голем дел од меѓународната заедница, додаде Путин.
„Сите ние сме едногласни за формирањето на мултиполарен светски поредок кој навистина е праведен и заснован врз меѓународното право, истовремено почитувајќи ги клучните принципи на Повелбата на ОН, вклучително и сувереното право и почитувањето на правото на секој народ на сопствен модел на развој“, рече Путин.
Рускиот претседател истакна дека земјите од БРИКС се против хегемонијата и политиките на неоколонијализмот.
Истовремено ги повика земјите членки на организацијата да ги проширан операциите на порамнување во националните валути и на меѓубанкараска соработка, како и да формираат постојана комисија за транспор, којашто ќе се занимава со логистија. Идејата на Путин е всушност да се одговори во иднина на евентуални санкции какви што Западот вовед против Русија поради нејзината инвазија во Украина, и да се обезбеди транспорт на стратешките стоки кои подложат на меѓународни санкции.
Во продолжение од обраќањето Путин го поздрави, како што рече, зајакнувањето на соработката во рамките на БРИКС во областа на глобалните иновации.
„Сметаме на интензивирање на соработката во рамките на иницијативата на глобалната мрежа истражувачки инфраструктури на БРИКС, којашто би можела да биде поддржата и од специјален фонд со таква намера“, рече Путин.
Потсети дека следната година Русија ќе претседава со БРИКС и предложи самирот да се одржи во октомври 2024-та во Казан. Путин рече и дека во рамките на тој самит Русија планира околу 200 политички, економски и општествени настани, кои ќе се одржуваат во десетина руски градови.
Ги покани земјите од организацијата да земат учество на Меѓинародниот културен форум кој годинава во ноември ќе се одржи во Санкт Петербург. Путин во врска со тоа појасни дека тој настан може да прерасне во „платформа за дијалог за иднинаа на култирите во светот“.