Најмалку 26 загинати при уривање железнички мост во изградба во Индија

Најмалку 26 работници загинаа денеска при уривање железнички мост во изградба во градот Саиранг, во државата Мизорам во северозападна Индија.

Локалната полиција соопшти дека двајца работници се повредени и дека државната железничка управа отворила истрага за несреќата, пренесува „Гардијан“.

Локалните медиуми објавија дека околу 40 работници биле на и околу градилиштето кога се урнал мостот, но полицијата соопшти дека имало 28 работници.

„Спасувачката екипа досега успеала да извлече 13 тела. Во тек се напори за извлекување на телата на преостанатите жртви“, изјави анонимен претставник на државната полиција.