Евентуалнoто загинување на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин во авионска несреќа не би било изненадување со оглед на неговата расправија со рускиот претседател Владимир Путин, изјави висок претставник на Белата куќа.
„Ги видовме извештаите“ за несреќата. Ако се потврди, никој не треба да биде изненаден“, наведе портпаролката на Советот за национална безбедност, Адриен Вотсон во соопштението.