Смртта на шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, беше предвидлива по неговиот јунски бунт против Кремљ, изјави во средата ноќта за германскиот весник Bild, советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Михајло Подолјак.
„Пригожин самиот себеси си потпиша смртна пресуда веднаш штом се запре на 200 километри од Москва“, рече за германските новинари Подолјак.
Советникот во кабинетот на украинскиот претседател Володмир Зеленски, сакаше во изјавата сугерира дека помалку од 24-часовниот бунт на паравоената формација „Вагнер“ на 24-ти јуни беше насочена против рускиот претседател Владимир Путин кој чинот го оцени како заривање нож во грбот на државата, но самиот Пригожин и претходно и во текот на настаните и подоцна, изјавуваше дека сака да го смени воениот врв, односно министерот за одбрана Сергеј Шојгу и мачалникот на Генералштабот, Валериј Герасимов. Нив ги обвинуваше дека ја кочат поддршката за „Вагнер“ и за лошо водење на воените операции во Украина.
Пригожин загинал во падот на мал млазен патнички авион на компанија за деловни летови во близина на Москва во средата доцна попладнето, точно два месеца по несупешниот бунт. Тоа го тврди каналот Telegram Сива зона, кој наводно е поврзан со „Вагнер“, кој тврди и дека авионот намерно бил соборен.
Во објава на Сива зона првично сигерираше дека Пригожин можеби преживеал, откако беше објавено дека се пронајдени осум тела од вкупно седумте патници и тројцата членови на екипажот на листата на летот. Набрзо потоа каналот објави дека Пригожин е мртов.
Поолјак, исто така, во изјавата за Bild тврди дека јунскиот бунт „навистина го уплаши“ Путин и дека наводно довела до оваа ситуација бидејќи „Путин не му простува на оној што ќе го уплаши“.