Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.В.(28) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 15.08.2023 во Кочани, пријавениот физички нападнал 15-годишен малолетник од Кочани, при што со остар предмет му нанел повреда.