Американскиот милијардер и претприемач Илон Маск изјави дека има намера да ја тужи Фондацијата Отворено општество, познатиот берзнаски шпекулант Џорџ Сорос за да го запре нејзиното задушување на слободата на говорот.
„Точно е. Х (поранешната социјална мрежа Twitter) ќе туќи за да се спречи тоа“, напиша Маск на својот профил на платформата за микроблогирање.
Коментарот на Маск претставува одговор на написот на новинарот Бен Скалан, во кој се тврди дека организциите финансирани од Сорос промовираат политики на цензура во Ирска и Шкотска. Тоа, како што произлегува од написот, вклучива и полициски претреси на домови, проверка на приватните телефони и компјутери на граѓаните.
Основа за таквите мерки, како што се истакнува во написот на Скалан, е тезата што ја промовираат организациите и политичарите блиски на Сорос за наводно зголемување на бројот злосторства од омраза меѓу локалното население во двете британски покраина. Како што наведува новинарот, „целта на ширењето дезинформации кои поттикнуваат омраза е да се оправдаат драконските мерки за сузбување на слободата на говорот“.
Маск и Сорос имаат долга историја на непријателства. Во мај претприемачот објави твит во кој напиша дека Сорос го мрази целото човештво и го спореди со Магнето, фиктивниот антагонист во серка стрипови за суперхероите мутантите X-Man.
Во дел од американската јавност активностите на Сорос се оценети негативно поради неговите финансиски шпекулации, како и неговата контроверзна репутација. Организациите финансирани од неговата фондација Отворено општество се често обвинувани за организирање на насилни преврати и кампањи за менување на властите во многи земји во светот, првенствено во југоисточна Европа. Самиот Сорос никогаш не ги негираше тврдењата дека со негови пари се изведени ткн „обоени револуции“ во Украија и во Грузија.