Германскиот јавен радиодифузер Deutschlandfunk се соочува со казна поради радиски слушател кој повикуваал на свирепа казна за украинскиот претседател Володомир Зеленски, објави во средата вечерта весникот Bild.
Се наведува дека минатиот понеделник во програмата Kontrovers, слушател кој се претставил како Фишер од градот Бремерхафен рекол дека војната во Украина може да се заврши „многу едноставно, со апсење на Зеленски и неговата криминална банка, неговата геноцидна банда, расчеречувајќи го жив и обезглавувајќи го“.
„Тоа може да биде казниво“, рекол во интервјуто за весникот Bild, адвокатот Патрик Хајнеман.
Појаснил дека инцидентот потпаѓа под бројни членови од кривичниот законик, вклучително и за поттикнување. Во однос на самото радио, според Хајнеман, може да стане збор за соучесништво во јавно поттикнување на извршување кривично дело.
Се нагласува дека адвокатот поднел барање за поведување кривична постапка и против слушателот и против редакцијата. Истовремено, според него, обвинителството треба да ги провери сомневањата. Самото радио веќе ја отстрани репликата од етерот достaпна на интернет, пишува Bild.
Весникот, исто така, забележува дека Deutschlandfunk, како одговор на барање за коментар, потврдила дека изјавата на слушателот била претходно снимена за емисијата и, соодветно, одобрено од редакцијата за емитување.
Самото радио ја опишува својата програма како формат во кој се спротиставуваат различните мислења на иста тема, слушателите се повикани да го искажат своето гледиште за предложената тема, како и дека нивните коментари се однапред снимени.