
Силно невреме синоќа зафати делови од Германија, предизвикувајќи дефекти на целото подрачје на градската железница во Минхен, поради што сообраќајот на брзата железничка линија „Ес-бан“ е во прекин, соопштија надлежните органи преку социјалните мрежи.
Невремето го зафатило и кампот во градот Линдау на брегот на езерото Констанца, каде силниот ветер откорнал неколку дрвја.
Три лица се повредени, а состојбата на едното е тешка, соопшти локалната полиција.
Прогласената опасност остана на сила во областа поради временските услови, па локалните власти одлучија да ја евакуираат целата област.
Така, околу 900 луѓе нашле привремено засолниште во Конгресниот центар во градот Линдау, каде што биле згрижени од спасувачите, информира полицијата.
Водата ги поплавила и улиците во градот Фрајбург во покраината Баден-Виртемберг, каде што ветерот корнел дрвја и оштетил далноводи.
Stuttgart heute Abend heftig !#unwetter #downburst #orkan @Kachelmannwettr @sturmwetter1703@WetterOnline pic.twitter.com/bLrcJ9kKMh
— WUD Wetter-Unwetter Deutschland (@WetterSimon) August 24, 2023