Францускиот произведувач на автомобили „Renault“ годинава се очекува поголема продажба на возила на електричен погон, и покрај слабеењето на економиите и потрошувачката, бидејќи намалувањето на цените на овие возила би требало да ја поттикне продажбата.
„Од почетокот на годината зебележавме сѐ поголема побарувачка на електрични автомобили“, изјави извршниот директор на брендот на „Renault“, Фабрис Камболив во разговорот за стручниот магазин Autogazette.
Од таа причина се очекува дека „Renault“ во 2023 година ќе продолжи да бележи раст на продажбата на електричните автомобили. Натаму, снабдувањето со полупроводници се подобрува, па Камболив очекува дека тоа ќе ги намали трошоците за производството на електричните возила, и за купувачите и за производителите.
„Со нашето работење за електрични возила Ampere не само што ќе можеме дополнително да ги намалиме трошоците за електричните автомобили, туку и за финските трошоци за напшата компанија“, вели извршниот директор на „Renault“
Францускиот производител минува низ ррансформација и планира да се подели на неколку независни оддели. Одделот за електричните автомобили и софтер „Ampere“ би требало да се издвои во втората половина од годината, а потоа да излезе на берзата.
Комболиви очекува дека падот на трошоците ќе го направат „Renault“ поконкурентен на пазарот на електричните возила, пренесувајќи ги заштедите и на купувачите. Групата работи на понудата на електричен автомобил за цена од 25.000 евра.
Продажната цена на новите електричните верзии на моделот возила „R5“, исто така, би требало да биде пониска од 30.000 евра.