Најмалку 12 загинати и 80 повредени во стампедо на Мадагаскар

Најмалку 12 луѓе загинаа во петокот на Мадагаскар во стампедо на влезот во стадионот во главниот град, соопшто премиерот на овој голем остров во Индискиот Океан, Кристијан Нтсеи.

Стампедото се случило на влезот во стадионот „Бареа“ во Антананариве, каде околу 50.000 луѓе дошле да присуствуваат на свеченото отворање на 11-ти островски игри.

„Засеа имаме дванаесет мртви и осумдесетина повредни“, изјави премиерот Нтсеи за новинарите пред болница во главниот град, каде што се пренесени повредените.

Додаде дека 11 од повредените се во критична состојба.

Засега не е јасно што го предизвикало стампедото, но најмалку 15 луѓе загинаа во сличен инцидент на стадионот „Махамасина“ во 2019 година.

Претседателот Андри Ражолена, кој присуствувал на спортската свеченосста, повика на минута молчење за жртвите на несреќата.

„На стадионот нѐ има околу 50.000. Но се случи несреќа поради стампедо. На влезот има повредении мртви“, рече претседателот на Мадагаскар во обраќањето што го пренесуваше телевизијата.

Спасувачките тимови и полицијата раотат на местото на инцидентот, пренесува агенцијата AFP повикувајќи се на својот дописник.

Игрите на островите во Индискиот Океан се мултидисциплинарно натпреварување кои годинава се одржуваат на Мадагаскар и траат до 3-ти сепрември. Се одржуваат секоја четврта година на островите во југозападниот дел на океанот веќе четириесеттина години. Минатиот пат игрите се одржуваа на Маурициус.

Игрите беа создадени од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во 1977 година, а вклучуваат спортисти од Маурициус, Сејшели, Комори, Мадагаскар, Мајот, Реунион и Малдиви.