Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Гевгелија во рамки на активноста „Ова е Македонија за сите“.
-Ја користам оваа прилика да му честитам на Доне, на советниците, администрацијата за сето она кое што го прават овде во Гевгелија и за потребите на гевгеличани. Исто така и на пратеничката Ангелина која е дел од македонското собрание, која што секогаш се бори да обезбеди средства повеќе за да се реализираат проекти овде во Гевгелија.
Но, за жал имаме работа со влада каква што имаме, знаете таа е влада која покрај тоа што нема кредибилитет, таа е и антинародна влада бидејќи ги казнува општините и жителите во оние општини каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат свои градоначалници, и затоа никогаш не ги прифаќа амандманите кои што доаѓаат од пратениците од општините каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник.
Секогаш е чест и задоволство да се биде дел од проект којшто ќе значи дополнителна додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните.
Јас навистина им посакувам на гевгеличани уште многу вакви проекти, да продолжиме да се бориме уште некое време, месеци се во прашање до новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, а преку проектот за инвестиции во капитални проекти во општините ширум Македонија, ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе покаже и докаже дека сите општини во Македонија без разлика дали се градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, или од некои други политички партии, ќе добијат финансирање на проекти кои што ќе значат поквалитетен живот на граѓаните.,
Тука за Гевгелија ќе бидат предвидени околу 3 и пол милиони евра годишно, а тоа се некаде околу 14 милиони евра за проекти кои што ќе бидат финансирани и инвестирани од страна на централниот буџет, плус проектите кои што ќе бидат реализирани од локалниот буџет за еден 4 годишен мандат.
Уште еднаш честитки за проекти, да продолжи реализацијата на ветеното во кампањата во 2021 година, а ние сме тука да даваме поддршка, а наскоро од денеска и како влада директно на терен, а не само вака со посети на терен, туку и директно преку реализација на проекти, истакна Мицкоски.