-Беше тоа средба конструктивна и пријателска помеѓу стратешки пријатели, САД како наш најголем и најзначаен стратешки партнер и Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, за што разговарале со Габриел Ескобар и дали Македонија е поблиску до решение.
Тој посочи дека го искажале ставот на партијата и уште еднаш потврдиле дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени под бугарски диктат.
-Ги аргументиравме нашите позиции, го кажавме нашиот став го потврдивме и аргументиравме. Зошто тој е став е таков, зошто ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени под бугарски диктат. Предложивме она кое што е јасно во јавноста дека оваа влада има кредибилитет нула, морам да признам без зачуден дека оваа влада покрај тоа што има нула, ги злоупотребува претставниците на меѓународната заедница чии што дел се и САД, со лажни информации, и дел од тие лажни информации моравме да ги дебрефираме за време на состанокот и за време на средбата со Ескобар и амбасадорката Агелер, рече тој.
Мицоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од било кој загрижена за состојбата во која се наоѓа државата бидејќи како што рече тој го делат секојдневието во кое живеат граѓаните и најголем приоритет им е квалитетот на граѓаните.
-Ценам дека сега и лично на господинот Ескобар позициите на ВМРО-ДПМНЕ му се појасни. Ние сме исто така како нив загрижени за актуелната состојба во Македонија, но нашата загриженост ќе си дозволам да кажам е многу поголема, затоа што сепак ние живееме во оваа држава. Го делиме секојдневието, се бориме да го промениме тоа секојдневие и да значајна ни е соработката со сите наши стратешки партнери и соработката со меѓународната заедница. Но, најголем приоритет има квалитетот на нашите сограѓани и состојбата во која нашите сограѓани живеат во Македонија. За тоа да се промени потребни се предвремени парламентарни избори, затоа што оваа влада секако има кредибилитет нула и единствената платформа и политика која ја имаше а тоа беше прифаќање на бугарски диктат и се удри во ѕид, видовте немаат 2/3, немаат 80 пратеници и не постои ниту една друга сврзана точка која што на нив им била да останат ден повеќе таму каде што се, смета Мицкоски.
-Секако оваа пролет ќе имаме редовни парламентарни избори, но нашата цел е колку поскоро имаме предвремени парламентарни избори, толку повеќе да дојде влада со народен легитимитет, бидејќи оваа влада без народен легитимитет и политички кредибилитет еднаков на нула, не може да испорача реформи и Македонија да ја придвижи на патот кон Европа. Единствено што може е да намести уште некој тендер повеќе и уште неколку милионери да направи од своите редови, изјави Мицкоски.