Бомба разнесе Дом за стари лица во Хрватска, загинаа маж и жена

Денес рано попладне на улицата Загребачка во Дуго Село дошло до експлозија во која загинаа две лица, маж и жена, а едно лице е тешко повредено. Станува збор за експлозивна направа, јавуваат хрватските медиуми.

„Денеска, 27 август, околу 13 часот и 30 минути во Дуги село на улица „Загребачка“ дошло до експлозија во зграда која обезбедува згрижувачки услуги за стари лица, во која две лица загинаа, а едно е тешко повредено. Ќе следи истрага “, напиша полицијата.

Шефот на ПП Дуго Село, Даворка Маркота, во изјава за медиумите рече дека не може да зборува за експлозивната направа или причината додека не заврши истрагата.

„Секој напад однадвор или терористички акт или нешто слично е исклучен. Настанот се случил внатре во семејната куќа, а за самата причина ќе зборуваме откако ќе заврши истрагата“, рече Маркота.