
Франција на децата во државните училишта ќе им забрани носење абаја, широка долга наметка којашто ја носат некои од муслиманските жени, соопшти во неделата францускиот министер за образование во пресрет на почетокот на новата училишна година.
„Донесов одлука дека абајата повеќе не може да се носи во училиштата. Кога ќе влезете во училница не би требало да можете да ја препознаете религијата на ученикот уште на прв поглед“, изјави министерот за образование Габриел Атал во интервјуто за телевизискиот канал TF1.
Франција, којашто изминатите децении наметна строга забрана на верските обележја во државните училишта откако законите од XIX век го отстранија секое траиционално католичко влијание во јавното образование, се соочи со неопходноста од носење нови прописи поради растечката мулсиманска заедница.
Во 2004 година го забрани носењето шамии и донесе забрана за прекривање на лицето со зар во јавноста во 2010 година, што разгневи дел од најмалку петмилионската муслиманска заедница.
Одбраната на секуларизмот на француската држава е барање коешто доаѓа од севкупниот политички спектар, од левичарите кои ги поддржуваат либерланите вредности на просветителството до гласачите од крајната десница кои бараат поддршка против растечкото влијание на исламот во француското општество.