Продавница во Шпанија почна да наплаќа 5 евра за влез поради туристи кои само се сликале во неа

На газдите на една продавница во Шпанија им здосадиле туристите што само влегувале и се фотографирале без да купат ништо, па решиле да наплатуваат влезница од пет евра и тоа го закачиле како знак.

Queviures Múrria е самопослуга стара 125 години во Барселона и е едно од најатрактивните места во градот, а од неодамна служи и храна.

Како што пишува Oddity Central, винтиџ изгледот и традиционалниот внатрешен дизајн на продавницата привлекуваат стотици туристи секој ден, но проблемот е што многу од нив навистина не се заинтересирани за производите што се продаваат внатре, како што се традиционалните шпански суви колбаси, ладно месо, сирења, масла, вино итн. Според зборовите на еден од менаџерите на продавницата, многу луѓе влегуваат, не се ни поздравуваат, се фотографираат и си заминуваат без да купат ништо.