
Северна Кореја истрала во средата две балистички ракети во правец на Јапонското Море, објави Здружениот конмитет на началниците на штабовите на јужнокорејската војска,
„Нашата армија на 30-ти август од 23.40 до 23.50 часот регистрираше лансирање од Северна Кореја на две балистички ракети со кус дострел во правец на Јапонското Море од областа Сунан“, се наведува во соопштението на јужнокорејската војска што го цитира агенцијата Yonhap.
Според истиот извор, двата проектила прелетале околу 360 километри пред да паднат во морето. Се додава дека деталните каракеристики на летот на рекетите заеднички ги анализираат разузнавачките агенции на Јужна Кореја и САД.
Последното лансирање на балистичките ракето од страна на Северна Кореја беше изведено на 24-ти јули, кога исто така беа лансирани две балистички ракети со кус дострел и, исто така, кон Јапонското Море.
Според агенцијата Yonhap, денешното лансирање може да биде реакција на Пјонгјанг на одржувањето на заедничките воени маневри на Јужна Кореја и САД од 21-ви до 31-ви август, во рамките на годишните заедничко воени вежби „Ulchi Freedom Shield“ (UFS).
Претходно јужнокорејското Министерсто за одбрана објави дека во рамките на споменатите сеопфатни армиски маневри во средата била одржана воздухопловна вежба во којаушт учествувал најмалку еден американски стратешки бомбардер „B-1B“.
Според агенцијата Yonhap, авионот „B-1B Lancer“, првично дизајниран како носач на нуклеарно оружје, во моментов не се користи за овие цели, но неговите летови близу Корејскиот полусотров секогаш предизвикуваат остра реакција на Северна Кореја поради неговата способност да понесе бомби со тежина до 57 тони.
Така во март годинава наменетото за јужнокорејската публика севернокорејско списание Uri minchzhok kkiri, коментирајќи го зголемениот број летови на стратешките бомбардери „B-1B“ пишуваше дека „Јужна Кореја толку се спушти ниско што стана езеро над коешто постојано кружат лебедите на смртта“.
Севернокорејската програма за балистички проектили, како и нуклеарната програма на Пјонгјанг, се забранети со резолуции од пред повеќе децении на Советот за безбедност при Обединетите нации, според кои се наметнати строги санкции за набавки на технологии врз Северна Кореја која поседува нукеларно оружје, засилени со западните, во прв ред американски санкциии.