Орбан е убеден дека враќањето на Трамп во ист момент би донело мир во Украина

Унгарскиот конзервативен премиер Виктор Орбан е убеден дека само враќањето на републиканецот Доналд Трамп на претседателската должност во САД може да стави крај на војната во Украина.

Орбан оваа изјава ја даде во интервјуто за водечкиот американски телевизиски новинар Такер Карсон, поранешна ѕвезда на американската телевизиска мрежа Fox News, кој на социјалната мрежа Х последниот месец објави серија интервјуа со светски челници.

На прашањето на Карлсон што би бил неговиот прв чекор доколку е челник на НАТО или на местото на американскиот претседател Џо Бајден, Орбан одговори дека би „го повикал Трамп да се врати“.

Враќањето на Трамп (во Белата куќа) е единствениот излез, рече Орбан, и додаде дека поранешниот претседател на САД е „единствениот човек кој може да го спаси западниот свет“.

Трамп во својот претседателски мандат кој го опфати периодот од почетокот на 2017 до почетокот на 2021 година ја имаше „најдобрата надворешна политика“ на САД во последните неколку децении, продолжи унгарскиот премиер Орбан.

Додаде дека Русија не би ја извела инвазијата во Украина доколку Трамп бил претседател и потсети дека републиканецот не започна ниедна војна и дека „кон Северна Кореја, Русија, па дури и кон Кина се однесуваше пристојно“.

Орбан беше единствениот меѓу челниците на земјите членки на Европската унија, којшто отворено го поддржуваше Трамп, тогаш републикански кандидат, пред претседателските избори во 2016 година, кога на големо изненадување ја победи поранешната американска државна секретарка и прва дама демократската Хилари Клинтон/

Орбан, исто така, одржува коректни односи и со рускиот претседател Владимир Путин и се противеше на санкциите на ЕУ против Русија, неколкупати успевајќи да ги ублажи во полза на економијата на Украина, и предупредувајќи дека тие негативно ќе се одразат врз економските состојби во самата Унија.

Новиот американски претседател ќе биде избран на изборите во првата седмица на ноември 2024 година. Трамп убедливо води во анкетите за трката по номинацијата на Републиканската партија, но засега нема споредба на довербата на американските избирачи во однос на актуелниот претседател Бајден.