
Машката одбојкарска репрезентација со триумфот против Данска од 3:1 го направи првиот чекор кон реализација на историскиот успех и пласман во елиминациската рунда од Европското првенство.
Македонските одбојкари синоќа со извонредна игра успеаа да стигнат до посакуваната победа во дуелот со директниот конкурент за пласман во втората фаза од континенталното првенство.