Командантот Лотус ќе биде новиот лидер на Вагнер?

За нов лидер на руската паравоена формација „Вагнер“ е избран командантот Антон Јелизаров, познат по прекарот Лотус, тврди британски Експрес. Засега информацијата не е потврдена од други западни медиуми.

Експрес наведува дека во рамките на групата Вагнер Јелизаров е познат како „освојувачот на Соледар“, што е прекар што наводно му го дал самиот Пригожин со кој биле блиски.

Во средата, Јелизаров даде изјава на Телеграм со која се чини дека го потврди неговото издигнување на чело на Вагнер групата“, пишува британскиот весник.