Пет жртви во железничка несреќа во Италија

Воз во средата доцна ноќта прегазил и усмртил пет мажи кои изведувале работи на призата во областа на Торино во северна Италија, пренесуваат локалните медиуми.

Двајца други работници се повредени, извести службената новинска агенција ANSA. Несреќата се случила околу полноќ во општината Брандиѕо, дел од градскито подрачје на Торино

Според привчните извешта, мажите биле ангажирани од компанија којашто изведувале раоти на замена на дел од пругата, која јгои повезува главните северни градови Торино и Милано, кога ги прегазила локломотива којашто возела празни вагони од Алесандрија кон Торино.

Италијанските медиуми, меѓу кои ANSA и дневниот весник Corriere della Sera, изестуваат дека возот се движел со бризна од 160 километри на час. Жртвите се на од 22 до 52-годишна возраст, се додва во извештаите.

Од снимките од камерите за видео надзор на станицата, обвинителството се обидува да ја реконструира динамиката на настанот, и се очекува да може да се здобие со важни детали. Двајцата работници кои останале неповредени се под опсервација во болницата „Чивасо“.

За претпладнето во четвртокот откажани се 16 регионални возови, а други 12 се ограничени или делумно заменети со автобуси. Операторот „Trenitalia“ предупредува на својата веб-страница дека во текот на денот можни се доцнења, откажувања и скратување на линиите на меѓуградските и регионалните возови.