Сончево со умерена облачност, услови за локални краткотрајни врнежи

Времето во Македонија во петокот претежно ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северозападните делови со услови за појава на краткотраен дожд.

Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 7.

Утринските температури се движат во интервалот од 10 до 18, додека максималнит дневни ќе достигна меѓу 22 и 34 Целзиусови степени.

Во Скопје и Скопската котилна денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 32 степени.