Украинската Национална агенција за спречување на корупцијата (НАПК) ги стави на листата „воени спонзори“ корпорациите „Mars“ и „PepsiCo“, поради нивното продолжување на бизнисот во Русија.
„НАПК го вклучи двете водечки прехранбени корпорации Mars и PepsiCo на листата меѓународни спонзори на војната. И покрај изјавите за намалување на нивното работење, прекин на рекламните активности и производството на нивните продукти, тие продолжуваат да работат во Русија“, се вели во соопштението на Telegram каналот на украинската агенција.
Ги обвинуваат овие корпорации во доминантно американска сопственост кои произведуваат слатки, чипсови и газирани засладени пијалоци, познати особено по брендовите „Lay’s“, „Pepsi“, „Sandora“, „Snickers“, „M&M’s“, „Twix“, „Mirindа“…, дека „не избрале страна“ во војната започната со руската инвазија во Украина од крајот на февраури 2022 година.
Неодамна на „црната листа“ на украинската антикорупциска агенција беа додадени и австриската банкарска групација „Raiffeisen Bank“, американската компанија „Procter&Gamble“, француската мрежа продавнции за продукти за поправки „Leroy Merlin“, „ComNav Technology“, „Liberian International Ship & Corporate Registry“, француската межа супермаркети „Auchan“, унгарската банка OTP, бермудската компанија „Bacardi“.