350 шарени ЕУРЕКА балони го обоија East Gate Mall во знак на почетокот на училишната година

Училиштето за танци Еурека со 350 шарени балони за 350 членови во изминатата сезона го обои East Gate Mall со позитивна енергија и многу насмевки. По повод почеток на училишната година во претпладневните часови посетителите на трговскиот центар имаа прилика да уживаат во добра музика и краток перформанс од членовите на студиото.

Еурека ја започнува својата 23-та сезона по Хип–Хоп и модерни танци во која едуцира и воспитува генерации. Функционира на 4 локации и ги отвора вратите за нови големи и мали, почетни и продолжителни членови.

 

Еурека е континуиран учител дека среќата е заразна и секое дете заслужува насмевка. Со оваа кампања уште еднаш не потсетиja дека младите се главни виновници и задолжени за убавите нешта во нашиот град.