Денеска (03.09.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Пиперево, го упати упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран. Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 20 тони вода.