УС Опен: Остапенко ја елиминираше Швјатек

Полската тенисерка Ига Швјатек го заврши обидот да ја одбрани титулата на УС Опен во 4-то коло, каде беше поразена од 20-та носителка Летонка Елена Остапенко со 3-6, 6-3, 6-1.

До вториот сет на мечот против Остапенко, Швјатек изгледаше доминантно во Њујорк, во првите три кола не загуби ниту еден сет, а првиот дел од мечот против 26-годишната Летонка убедливо го доби во своја полза. Сепак, во преостанатите два сета, победничката на Ролан Гарос од 2017 година одигра брилијантно и загуби само четири гема.

Со овој пораз, Швјатек го загуби и првото место на ВТА рангирањето кое го држеше од април 2022 година, а следниот понеделник по завршувањето на УС Опен ќе биде заменета со Арина Сабаленка на врвот на рангирањето на најдобрите тенисерки во светот.

Остапенко, за која ова е седми настап на УС Опен, а досега не напредуваше подалеку од 3-то коло, во четвртфиналето ќе се соочи со 19-годишната Американка Кори Гоф, која во 4-то коло го прекина бајковитиот камбек на Данката Каролина Вознијацки, која играше во Њујорк на својот прв Гран-слем турнир по тригодишна пауза и раѓањето на двете ќерки, Гоф беше поуспешна со 6-3, 3-6, 6-1.