Две асистенци на Меси за гостинска победа на Мајами во Лос Анџелес

Како гости на актуелниот шампион во американската фудбалска лига МЛС, фудбалерите на Интер од Мајами го победија Лос Анџелес ФК со 3:1 (1:0) со двете асистенции на Лионел Меси и со тоа ја продолжија серијата без пораз на 11 натпревари, што е нов клупски рекорд.

Интер поведе со голот на Фариас во 14 минута од првото полувреме, а подоцна Меси прво во 51 минута му асистираше на својот долгогодишен соиграч од Барселона, Алба за 2:0, а потоа во 83 минута и на Кампања за третиот гол на својот тим. Холингшед во 90 минута во самата завршница само го ублажи поразот на Лос Анџелес.

Откако Меси пристигна во Интер Мајами во јули годинава, клубот забележа 10 победи и едно реми и првапт во историјата го освои Лига купот.

Но, и покрај таа серија, Интер Мајами сѐ уште е далеку од место во плејофот, моментално се наоѓа на претпоследното 14-то место во Источната конференција со 25 бода од 25 одиграни натпревари, осум помалку со два одиграни натпревара помалку зад деветтопласираниот ДЦ Јунајтед место кое води на последното место во квалификациите за плејофот, или 15 помалку со исто така два натпревара помалку од седмиот Нешвил кој ја држи последната позиција што води директно во плеј-офот.

Секоја екипа во МЛС ќе одигра 34 натпревари во лигашкиот дел од сезоната, а потоа следи плеј-офот.