Шангајската и Саудиската берза подготвуваат терен за соработка

Шангајската берза објави во понеделникот дека со Саудиската берза во Ријад поптишала меморандум за разбирање, што сигнализира на продлабочување на финансиските врски меѓу Кина и Саудиска Арабија.

Двете берзи ќе ја истражат можноза за соработка во вчитување на акциите во котација и во областите на финансиските технологии и стандардот на природната средина, општеството и управувањато, како и во истражувањето, се наведува во соопштението.

„Срежни сме што соработуваме со Саудиската берза… Се радуваме на заедничкото промовирање на соработката во областа на производите, вклучително ETF фондовите, и продлабочувањето на врските меѓу двата пазара на капиталот“, изјави Цаи Џианчун, генералниот директор на Шангајската берза.

Кинеските и саудиските берзи веќе извесно време преговараа за меѓусебното вклучување на котацијата на фондовите коишто на вложувачите им овозможува купување акции и удели во фондовите, изјавиле во август за Reuters три неименувани извора, имајќи предвид дека Пекинг и Ријад, покрај дипломатските, сакаат да ги продлабочат и финансиските врски.

Шангајската берза истакнува и дека потпишала меморандуми за разбирање со 57 странски институции.