Променливо облачно и ветровито со локален дожд

Времето во Македонија во вторникот ќе биде променливо облачно и ветровито време со локален дожд, претежно во западните и јужните делови, каде е можна и појава на грмежи.

Ќе дува засилен североисточен ветер, на места со брзина над 70 километри на част. Ултавиолетовото зрачер (UV) ќе има вредност 5.

Утринските температури се движат во интервалот од 10 до 16, а максималните дневни ќе бидат од 17 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен североисточен ветер. Температурата ќе достигна до 27 степени.