Бугарска државјанка фатена во кражба на постојка во Скопје

Во вторникот околу 1200 часот на автобуска постојка на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода 24-годишната Ц.Б. од Република Бугарија.

Таа била фатена при извршување кражба, при што од чанта на женско лице одзела паричник. Кај неа, освен тој паричник, бил пронајден уште еден паричник со лични документи и пари на женско лице од Скопје.

Ц.Б. била задржана во полициска станица и поцелосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.