Повеќе луѓе загинале или се ранети од касетна муниција минатата 2022 година отколку некогаш претходно откако во 2010 година стапи на сила договорот за забрна на неговото корситење, објави во вторникот во Женева меѓународната коалиција која се бори укинуање на овој вид муниција.
Во 2022 година имало најмалку 1.722 жртви од касетна муниција, од кои 916 во Украина на двете страни, според Меѓународната кампања за забрана на мините и Коалицијата за касетна муниција (ICBL-CMC). Податоците се многу поголеми отколку за претходната 2021 година, кога во светот имало 149 жртви на оваа муниција.
Организацијата, чиешто седиште е во швајцарска Женева, истакнвуа дека 95 отсто од жртвите во 2022 година биле цивили, како и дека таа муниција ја користеле и Украина и Русија. Двете земји во 2022 година користеле стари залихи од касетната муниција.
Иако договорот за забрана на касетната муниција го прифатија 123 земји, САД, Русија и Украина, како ни Мјанмар и Сирија не го потпишаа.
САД почнаа на Украина да ѝ испорачуваат нови верзии на оваа муниција од којашто повеќе гинат цивилите. Русија, која Киев го обвини дека и во изминатите години по 2014 година ја користела касетната муниција против цивилите во побунетите проруски региони, порача дека и нејзините сили ќе возвратат со таков вид муниција.
Користена била и во Мјанмар и во Сирија. Касетната мулиција земала жртви и во Азербејџан, Ирак и Јемен.
„Касетната муниција е ужасно оружје кое глобално е забрането, бидејќи може да предизвика моментални и долгорочни патења на цивилите. Морално е неприфатливо цивилите и натаму да гинат од касетната муниција 15 години по нејзоната забрана“, истакна Мери Варехам од Human Rights Watch која го подготвила извештајот. во пресрет на конференцијата во Женева за процена на ефектите од договорот која започна во вторникот.