Героски: За да бидеме сигурни дека нема да има притисоци врз органите на прогон за случајот со Онкологија, мора да претходи политичка одговорност

Овој случај со Онкологија, значи станува збор за доста голем скандал и тоа бидејќи постојат сериозни основани сомнежи дека станува збор за трговија, нелегална трговија со скапи лекови во време кога на луѓето тие лекарства им се потребни. И сега се создава еден впечаток на дел од луѓето тоа право им е ускратено, некои луѓе можеби се богателе, вршеле буквално криминал. И ова е ситуација во која во едно нормално демократско општество во принцип треба да се случат две работи, од една страна мора да се спроведе ефикасна, брза, квалитетна истрага која ќе доведе до утврдување на вистината, евентуално до покренување на обвинение. И тоа е нешто со што не смее да се има некаков компромис. И од друга страна за да бидеме сигурни дека ова ќе се случи и дека нема да има притисоци врз органите на прогон, дека нема да има притисоци врз сведоци, и врз луѓе кои што можеби ќе откријат детали за случувањата, мора да постои и мора да претходи политичка одговорност“, истакна Бранко Героски во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Героски додаде дека политичка одговорност е потребна бидејќи треба да се сфати дека власта, луѓето кои што се на власт во оваа земја, министрите, премиерот, Владата, не се одговорни само за состојбите во своите министерства внатре, туку се одговорни за состојбите вкупно во ресорите.

-Значи ако нешто не чини во здравството, ако имаме голем скандал, ако имаме голема драма, се претпоставува дека министерот за здравство, заменикот, одговорните менаџери во соодветните институции по дифолт и како чувство на лична одговорност треба веднаш да се повлечат од своите позиции, нагласи Героски.