Американскиот државен секретар Антони Блинкен пристигна во Киев, објавија украинските медиуми.
Според „Европска правда“, Блинкен веќе се наоѓа во главниот град на Украина, додека Клименко Тајм соопшти дека целиот сообраќај е запрен во центарот на Киев.
Сепак, се уште нема официјална потврда за овие извештаи.
Претходно, главниот заменик портпарол на Стејт департментот Ведант Пател одби да ја потврди посетата на првиот американски дипломат на Киев на 6 септември во коментар за украинската онлајн публикација Џеркало Тижнија.
Блинкен последен пат ја посети Украина во септември 2022 година.