
Поројните дождови кои од вторникот го зафатија бугарскиот црноморски брег, усмртија четири лица, објавија во средата властите и прогласија ден на жалост, а од невремето се погодени и илјадници туристи.
Градежен работник, на 61-годишна возраст, се удавил, а телото на 50-годишен маж е забележано со помош на дрон и е пренесено во мртовечница, соопшти началникот на покраинската полиција Емил Павлов.
Телата на две жени, претседателка на покраинскиот суд на 54-годишна возраст и нејзината 30-годишна ќерка лекарка, пронајдени се подоцна. Нивниот автомобил бил проголтан од надојдените води откако се урнал мост на реката Караагач преку кој преминувале.
Метеоролошките услови ненадејно се влошија во вторникот и предизвикаа паника меѓу бројните туристи кои го искористија продолжениот викенд. Градот Царево, кој е најтешко погодени прогласи ден на жалост.
По должината на брегот до копнената граница со Турција пресечените се патишата, превртени возила, поплавени кампери и населби. Жителите и волонтерите помагаат во средата во расчистувањето на остатоците и наносите.
За 24 часа наврнало толкаво количество дожд колку што вообичаено паѓа за неколку месеци, што не е забележано уште од 1994 година, изјави шефот на спасувачката служба Александар Диартов.
„Зафатени се 4.000 луѓе“, изјави министерката за тѕуризам Царица Динкова којашто ја обиколу погодената област и предупреди на тешкотии при евакуацијата на туристите и населението.
Црноморскиот брег на Бугарија ретко страда од поплави. Министерот за животна средина Јулијан Попов предупред на „лошата инфраструктура и на проблемот во преголема изграденост на брегот“, што ќе ја отежни состојбата.