Прoменливо облачно, од пладне локална појава на нестабилност

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, наместа краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Вредноста на ултравиолетовото зраќење (УВ) ќе биде 6.

Утринските температури се движат од 10 до 19, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 18 и 29 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд. Температурата ќе достигне до 29 степени.