Во Собранието ќе се одржи прием по повод Денот на независноста

Во Собранието денеска ќе се одржи прием по повод Денот на независноста 8 Септември.

На приемот е најавено обраќање на претседателот на Собранието Талат Џафери, а се очекува да присуствува целиот државен врв, министри во Владата, пратеници и други личности од општествениот живот.

Приемот по повод Денот на независноста во Собранието се одржува традиционално секоја година.