Кинескиот извоз паднал и во август

Кинескиот извоз паднал и во август, четврти месец со ред, покажаа податоците објавени во четвртокот на царинската упава, одразувајќи ја послабата странска побарувачка во услови на подигнатите каматсни стапки и трговските спорови со САД.

Извозот од Кина во август се намалил за 8,8 отсто во однос на истиот месец минатата година, по 14-процентниот пад во јули. Се намалил и увозот за 7,3 отсто. Во јули падна за 12,4 отсто.

Кина во август бележела вишок во трговската размена со светот од 68,36 милијарди долари, помал за 15,2 отсто отколку во претходниот месец.

Странската побарувачка на кинески стоки ослабела изминатите месеци под притисокот на повисоките кинески стапки коишто ги закочија економските активности. Централните банки ги подигнуваат трошоците за задолжувањето за со придушувањето на побарувачката да ја зауздаат инфлацијата.

Тег за кинескиот извоз претставувале и трговските спорови со САД. Вашингтон настојува да ја поддржи домашната индустрија, особено во клучниот технолошки сектор, истакнувајќи ја во прв план од можна закана за националната безбедност.

Кина има проблеми и со домашната потрошувачка, којашто сѐ уште потполно не е закрепната од строгите епидемиолошки мерки во справувањето со коронавирусот, но и проблемтите во секторот недвижнини и неповолните демографски движења. Показателот на домашната потрошувачка, како и увозот од Јужна Кореја, се намалиле во август за 20 отсто, по 27,5-процентниот пад во претходниот месец.

Владата во Пекинг за оваа година ја зацрта стапката на економски раст од 5 отсто, сигнализирајќи со низна поттикнувања дека очекува тешкотии во остварувањето на таа цел.