Кремљ предупреди во четвртокот дека планот на САД да ѝ предаде на Украина пари запленети од санкционирани руски државјани е незеконски според меѓународното право, како и дека одговорноста за одлуката на Киев да му се испорача опасната за човековото здравје и животната средина муниција со осиромашен ураниум ќе падне врз Вашингтон.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави во Киев во средата дека Вашингтон ќе ѝ префрли на Украина 5,4 милиони долари „сопствност запленета од санкционираните руски олигарси, која сега ќе се користат за поддршка на украинските воени ветерани“.
„Ова е тешко замисливо и е спротивно на сѐ во меѓународното право и националните закони на земјите. Штом ќе се укаже можност, ќе ги браниме своите права“, изјави Песков на редовниот дневен брифинг за новинарите акредитирани во Кремљ.
Песков порача и дека некои руски претприемачи веќе добија во нивна полза судски пресуди во европските земји, според кои таквите трансфери се сметаат за незаконски.
„Ниту еден случај на такво незаконски присвојување нема да остане незабележан“, рече Песков.
Кремљ, исто така, предупреди и дека САД ќе мора да одговараат за „многу тажните“ последици од одлуката на Украина да ѝ испорачат муниција со осиромашен ураниум.
Вдишувањето или голтањето на количества, дури и на осиромашен ураниум, е опасно по здравјето на луѓето зашто влијае врз развој на повеќе видови рак и со децении ја контаминира животната средина во областите во кои се користи.
„Овие гранати активно се користеа во Југославија. Користењето таква муниција доведе до многу, многу тажни последици, кои ги регистрираа и меѓународните организации. Користењето на таквата муниција резултираше со галопирачки раст на бројот на луѓето кои страдаат од рак и други болести“, изјави Песков алудирајќи, меѓу дугото, на тужбите од заболените италијански војници од контингентот на НАТО на Косово во 1999 година, кога беше користена ваквата муниција.
Портпаролот на рускиот претседател посочи дека последиците од тие бомбардирања ги чувствуваат и следните генерации. Предупреди дека може да се очекува повторување на последиците од територијата на поранешна Југославија во регионите во Украина каде што ќе се користи муницијата со осиромашен ураниум.
Меѓународните организации кои се противат на ваквото оружје, како што е Меѓународната коалиција за забрана на оружје со ураниум предупредуваат на опасната прашина од користењето на ваквата муниција и на долгогодишото загадување на подземните води и почвата.
Меѓутоа, САД и Велика Британија, којашто веќе ѝ испорача на Украина проектили со осиромашен ураниум, велат дека тоа е добро средство за уништување на модерен тенк бидејќи неговата голема густина овозможубва пробивање на оклопот. Велика Британија тврди дека е тешко да се вдиши доволно прашина со осиромашен ураниум која би довела до штетни последици, што го негираат медицинските наоди кои пред италијанските судови ги презентираат адвокатите на заболените од рак италијански војници кои на Косово служеле во областите каде била користена муницијата со осиромашен ураниум.