![pari-denari-1-696x372](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/pari-denari-1-696x372.jpg?resize=696%2C372&ssl=1)
Со промашените политики на СДС реалните плати во Македонија се намалија за 5% во 2022. Иако народот добива навидум повеќе пари, всушност зема многу помалку. Платите и примањата не растат туку паѓаат. Куповната моќ на населението е намалена со СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот се потешко преживува. Македонија има поголема инфлација од земјите во ЕУ, иако власта тврдеше дека инфлацијата е увезена, се потврди дека и за тоа лаже.
Со СДС и ДУИ на власт стана луксуз учениците да имаат книги, болните лекови, студентите нормален оброк. Шест години СДС и ДУИ, 6 години државата уназадува на секој чекор.
Со СДС и ДУИ 6 години само криминалот се развива. Со ваква криминална власт, државата не може да оди кон ЕУ, нема да мрдне ниту милиметар. Потребни се промени“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.