![pruga tunel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/pruga-tunel.jpg?resize=684%2C433&ssl=1)
Мигрант загина од струен удар во Градско откако се качил на покривот на вагоните на воз, што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје.
Преку единствениот број за итни повици Е-112 во ЦУК е добиена информација дека мигрант дошол во допир со кабел на електрична енергија при што лицето добило струен удар.
-Случајот е пријавен во МВР и Итна медицинска помош. Според информациите добиени од МВР лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош било констатирано истото. Настраданото лице е од машки пол на возраст од околу 30 години, информира ЦУК.