Четири лица загинале во неделата кога биле удрени од локомотива во близина на Барселона додека се обидувале да ја преминат железничката пруга, соопштија службите за итни случаи.
Несреќата се случила во 20,22 часот по локално време во Монмело во близина на каталонската престолнина кога седум лица минувале преку пругите на забрането место, соопшти Renfe, државната железничка компанија.
Три лица загинале на самото место на несреќата, а четвртото почина во болница. Тројца други се во болница поради повреди.