Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека е неопходно да се развијат мерки на глобално ниво за заштита од ризиците поврзани со развојот на вештачката интелигенција (ВИ).
„Верувам дека Европа и нејзините партнери мора да развијат нова глобална рамка за ризиците поврзани со вештачката интелигенција. Ова треба да не заштити од системски општествени ризици и во исто време да поттикне инвестиции во безбедни и одговорни системи за вештачка интелигенција, рече шефицата на ЕК вчера на третата седница на Г20 во Њу Делхи“, соопшти ЕУ.
Според неа, клучното прашање е како да се користат технологиите кои брзо се менуваат.