Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија Енис Барди за утрешниот натпревар напомена дека нема многу време за анализа и дека сите се фокусирани на победа против Малта.
„Среќен сум поради голот, а посреќен сум што екипата како играше цел натпревар со таа борба на терен, и до последната минута бевме сите обединети. Ако не сме сите заедно, не можеме до позитивен резултат. Мораме сега да мислиме на Малта. Малку ни се деновите да анализираме и нешто да промениме. Да се вратиме поназад и да знаеме колку ни значи, секој натпревар во кој влегуваме 100% и кога влегуваме како едно, и секој меч мораме да одиме така, и на крај кога ќе извлечеме добар резултат, таа радост не може да се опише. Знаеме што не очекува, само да сме мирни во глава, со ладни глави и да влеземе на терен и да дадеме се од себе“.