Пожарот во Бељаковце е целосно изгаснат, ќе дежураат две противпожарни екипи

Пожарот во атарот на кумановското село Бељаковце е целосно изгаснат, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

„Дежурни екипи на ТППЕ Куманово и Ранковце ќе останат на две позиции од кои ќе внимаваат да не дојде до повторна појава на оган“, изјави Ангелов.

Пожарот избувна во понеделникот по 16 часот. Го гаснеа трите „ер-трактори’ на Дирекцијата за заштита и спасување вклучени беа и армискиот и полицискиот хеликоптер како и пожарникарите од неколку противпожарни единици, Куманово, Старо Нагоричане и Ранковце.

Директорот Ангелов претходно информираше дека има и сериозен пожар кој исто така се појави вчера попладне во атарот на Рилево, општина Долнени, кој се движи кон селото Сливје.

„Пожарот може да загрози неколку села и таму се упатени три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување“, изјави Ангелов.