Швајцарските историчари идентификувале најмалку 1.002 случаи на сексуално злоставување поврзани со Католичката црква од средината на XX век, соопшти во вторникот научниот тим од Универзитетот Цирих.
Досега се идентификувани 510 обвинети сексуални злоставувачи и 921 жртва. Ова е првпат независен тим истражувачи да ги проучува документите за сексуално насилство од црковните архиви во Швајцарија.
„Случаите коишто ги идентификуваме несомнено се само врвот на сантата мраз. Претпоставуваме дека само мал процент случаи кога и да е пријавен“, велат историчарките Моника Доман и Мариета Меиер, кои го воделе проектот.
Според нив, „бројни случаи на злоставување во рамките на Католичката цркава се затаени, забошотени или тривијализирани“.
Додаваат и дека многу архиви сѐ уште не се анализирани, а тврдат и дека во две бискупии се пронајдени докази дека некои документи се уништени.
„Случаите варираат од проблематични кришење на границите на однесувањето до тешко, системско и повеќегодишно злоставување“, стои во извештајот од истражувањето.
Сторителите биле свештеници, служители и службеници во црквите и членовите на верските редови во Швајцарија. Често биле преместувани за да се избегне кривичен проген од секуларнте власти.
„Притоа интересите на Католичката црква и нејзините великодостојници се ставани пред благосостојбата и сигурноста на парохјаните“, се истакнува во студијата.
Околу 39 отсто од жртвите биле од женски пол, а речиси 56 од машки. Речиси три четвртини биле деца или тинејџери. Со неколку исклучоци, злоставувачите биле мажи.