ВИДЕО| Демократите го исмејуваат импичментот за Бајден, но ќе влијае врз изборната трка во 2024-та

На прашањето што мисли за одлуката на републиканците во Конгресот на САД да покрена истрага за отповикување на претседателот Џо Бајден, демократскиот сентарот од сојузната држава Пенсилванија Џон Фетермен театрално се фати за глава како да е ужаснат и рече „Леле, мој Господе“, навистина?“ и пред новинарите и се закикоте.

„Оф, не го правете тоа“, рече Фетермен, се заврте и си замина.

Демократите настојуваат да ја исмеат одлуката на претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Меккарти да започне истрага оценувајќи како „апсурдна“, „шега“ и „нов блескав предмет со кој се сака да се скрена вниманието на јавноста од фактот дека републианците не можат дури да ги усвојат предлозите за финансирањето на владата“.

Меѓутоа, истрагата којашто открива сомнежи за сериозни злоупотреби на претседателот Бајден во текот на поранешните функции кои на неговото семејство му донеле нелагални милионски заработки, бездруго ќе фрли сенка врз неговите намери за втор мандат во кампањата за претседателските избори во ноември 2024 година, дури и доколку не успее да изроди конкретни докази. Сигурно е дека ќе привлече големо внимание на медиумите, ососбено на конзервативните, како и на сѐ посиромашната средна класа, и ќе го сврти вниманието од неговите предизборни пораки за економијата и другите важни теми.

Републиканците врз основа на преписката од елекектронската пошта на синот на претседателот со години го обвинуваат Бајден дека профитирал од работите во странство, пред сѐ во Украина и во Кина, додека Џо Бајден беше потпретседател на претседателот Барак Обама во два мандата од 2009 до 2017 година. Истрагата веројатно ќе биде фокусирана на ангажирањето на Хантер Бајден како консултатнт во украинската енергетска компанија „Bursima“, за што земал над 83.000 долари месечно, иако нема никакви познавања за енергетскиот сектор и пазарот. Компанијата во Украина во времето на претседателот Петро Порошенко беше под истрага за корупција, но според републиканците тукму по инсистирање на Бајден таткото Порошенко го смени тогаш државниот обвинител кој ја водел истрагата.

Белата куќа ги отфрла сите обвинувања и оценува дека барањето за отповикување на претседателот е „најлошиот пример на екстремната политика“.

Уставот на САД му дава овластувања на Конгресот да покрене постапка против владини функционери, вклучително и за претседателот на државата, и тоа за предавство, корупција и други кривични дела и престапи. Претседателот може да биде отповикан доколку Претставничкиот дом со просто мнозинство ги поддржи обвинуваата од истрагата која вообичаено ја води Комитетот за правосудство на долниот дом на Конгресот. Потоа процесот се сели во Сентатот, кој го одржува судењето на кое треба да се утврди вината на претседателот. За осуда потребно е двотретиснко мнозинство во Сенатот.

Отповикувањето на Бајден, како што се проценува, тешко би можело да успее. Републиканците имаат тесно мнозинсво во Претставничкиот дом од 222-212, а дури и кога импичментот би бил изгласан, демократите во Сенатот имаат еден глас повеќе благодарејќи на галсот на потпретседателката Камала Харис. Меѓутоа, процесот се очекува да има влијаени во кампањата за претседателската номинација, односно дали демократите би го поддржале Бајден за новиот мандат.