Кривично обвинение против синот на Џо Бајден

Против Хантер Бајден, контроверзниот син на американскиот претседател Џо Бајден, во четвртокот е покренато крвично обвинени откако пропаднаа обидите да ја призне вината во замена за условна казна.

Ова е првиот судски прогон на синот на актуелниот демократски пратседател на САД, кој е осомничен и за учество во слуачи во малолетничка проституција, трговија со дроги и влијание. Обвинението е подигнато во окружниот суд во сојузната држава Делавер за три кривични дела поврзани со поседување оружје во време додек бил зависник од наркотици.

Комитетот во Претставничкиот дом, кој е под контрола на опозициските републиканци, исто така со месеци ги истражуваат неговите „деловни“ активности, особено во Кина и Украина, во периодот кога Џо Бајден беше потпретседател на САД. Имено, во лаптоп на Хантер Бајден токму во Делавер се откриени стотици електронски преписки од кои произлгеува дека синот на претседателот на САД тргувал со неговото влијание за да оствари милионски заработки за семејството Бајден.

Хантер Бајден, регистриран наркозависник и алкохоличар, осомничен за трговии со дроги, посредник во проституција , неолибералистичките медиуми го претставуваат како „лобист, адвокат, инвестициски банкар и уметни“, иако е проблематично неговото образование за занимавање со тие дејности. Така, во контроверзната украинска енергетска компанија „Bursima“, истражувана во Киев за корупција на високо ниво по превратот од 2014 година, за месечна надокнада од 83.000 долари бил дел од управниот одбор, иако нема никакави познавања од дејноста..

Сепак, американските мејнстрим медиуми го бранат дека иако во 204 година поради уживање на кокаин наводно бил отпуштен од резервниот состав на воената морнарица, никогаш не бил дека од кампањата на татко му Џо Бајден и никогаш немал функција во Белата куќа.

Самиот Џо Бајден тврди дека со синот не разговара за работењет во странство, и покрај спротивните податоци од писмата кои ги објавија некои американски медиуми, и повеќепати Белата куќа објави дека Министерството за правосудство ќе има незавосност во истрагата за кој и да е член од неговоот семејство,

 

Новоимениван специјален обвините во случајот кој се води против Хантер Бајден, е државниот обвинител на Делавер, Дејвид Вејс.

Во друг случај, во јуни, Хантер Бајден беше обвинет за два помали прекршока – неплаќање повеќе од 100.000 долари данок на приходи од над 1,5 милиони долари во 2017 и 2018 година.

Се очекуваше тој да се изјасни за виновен откако постигна договор со обвинителите кои планираа да предложат двегодишна условна казна, но судијката Мариелен Нореика изрази сомневање за договорот за признавање вина и неговите услови, како и за друг договор што би му овозможил тој да избегне кривично гонење во случајот со поседување оружје, против што татко му Џо Бајден и неговите демократи со години водат кампања.

Тоа значеше дека истрагата и судењето требаше да продолжат. Републиканците во Конгресот ја зголемуваат можноста за импичмент на Бајден поради деловните зделки на неговиот син и го обвинуваат Министерството за правда за олеснување на поволен договор за Хантер.

Министерот за правда Мерик Гарланд ги отфрли обвиненијата и на крајот назначи специјален обвинител за случајот. Експертот за правда Мајкл Џеј О’Нил, сепак, е скептичен за непристрасноста на Вајс.

„Ова е човек кој беше подготвен да му даде убав договор на синот на претседателот, па како може да биде непристрасен и објективно да го истражи ова како специјален истражител? Мораме да имаме на ум која е целта на специјалниот истражител. е некој навидум надвор од владата, надвор од Министерството за правда, кој има нов поглед на фактите“, рече О’Нил.